Иран утре се среќава со САД и во меѓусебен дуел ќе решаваат за место во нок-аут фазата.
Во пресрет на клучниот натпревар, Американската фудбалска федерација на социјалните мрежи го објави иранското знаме без амблемот на Исламската Репулика. САД се правдаше дека ова е поддршка на протестите во оваа земја и барањата на жените за поголеми права.
Сепак, Иран жестоко реагираше, обвини дека е ова е голема провокација и кршење на правилата на ФИФА.
Иран бара 10 натпревари суспензија за САД, а тоа ќе значи и исфрлање на фудбалската репрезентација на Америка од мундијалот во Катар.