Олимпијада 2021

ИОК го објави датумот за одржување на Олимписките игри

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ги потврди датумите за оджување на Олимписките игри кои поради коронавирусот се одложија за една година. 

Наместо оваа година, Олимпијадата во Токио ќе се одржи од 23 јули до 8 август 2021. Ова го соопшти ИОК.
 
Параолимпијадата ќе се одржи од 24 август до 5 сптември 2021.
 
Одлуката била донесена денеска на состанок преку видео конференција на која учествувале претседателот на ИОК, Томас Бах, претседателот на Токио 2020 Мори Јоширо и гувернерот на Токио, Коике Јурико.
 
Организаторите на Олимпијадата долго време беа уверени дека игрите ќе можат да се одржат оваа година, но како одминуваше времето сфатија дека тоа е невозможно. Минатата недела Олимпијадата официјално беше преместена за 2021, а денеска е соопштен датумот.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе