Серија А

Интер за прв пат по 2014 победи во Фиренца и се искачи на врвот во Серија А (ВИДЕО)

Интер триумфираше на „Артемио Франки" по пауза од седум година, вечерва избраниците на Антонио Конте со головите на Барела и Перишиќ стигнаа до победа од 0-2.

Интер ќе преноќи како лидер во Серија А, „нероаѕурите“ скокнаа на врвот на табелата по триумф од 0-2 над Фиорентина.

Барела го отвори резултатот по половина час игра, Италијанецот прецизно пласираше од врвот на шеснаесетникот за 0-1.

Домаќините потоа имаа двојна шанса, Хандановиќ со помош на пречката го спречи Бонавентура, а потоа успеа на време да стане и да спречи нов обид на „виолетовите“.

Интер можеше да ја зголеми предноста во последните мигови од првиот дел, но Лукаку промаши од добра ситуација.

Сепак, гостите постигнаа гол по пет минути игра во продолжението. Хакими доби топка во фор и го проигра осамениот Перишиќ, кој рутински реализираше за 0-2.

Гостите потоа имаа уште неколку шанси за поубедлива победа, но голманот Драговски не дозволи да биде совладан по трет пат.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе