„Ѓаволите“ бараат двајца играчи како компензација

Интер за пропуштен бонус од 5 милиони евра сега треба да му плати 50 милиони на Манчестер јунајтед

Медиумите од Италија пренесуваат дека Интер не платил бонус од 5 милиони евра како дел од трансферот на Ромелу Лукаку па сега мора на „ѓаволите" да им ја исплати целата сума од 50 милиони евра која им ја должи.

Пред неколку месеци медиумите пишуваа дека Интер на Реал Мадрид не му ја платил првата рата од трансферот на Ашраф Хакими и се шпекулираше дека „кралевите“ си го бараат играчот назад.

Сега се појавија слични гласини, Интер на Манчестер јунајтед не му платил бонус од 5 милиони евра како дел од трансферот на Ромелу Лукаку.

Овој бонус бил поврзан со специфична клаузула, односно неплаќање на бонусот го обврзува Интер на „ѓаволите“ да им ги исплати сите пари кои им ги должи од трансферот (кој вредеше околу 75 милиони евра), односно 50 милиони евра.

Интер е во финансиски проблеми поради ковид-19 кризата но и мерките на Кина, поради кои сопственикот Сунинг не може да донесе свеж капител во клубот.

Манчестер јунајтед сака да ја искористи ваквата ситуација па побарал сумата од 50 милиони евра да биде компензирана со фудбалер.

Клубот од Олд Трафорд бара да го добие Лаутаро Мартинез или Милан Шкрињар.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе