Серија А

Интер во судиското продолжение се спаси од пораз, Конте почнува да го губи кредитот (ВИДЕО)

Интер одигра само 2-2 против Парма на свој терен, се погласни ќе бидат шпекулациите дека Антонио Конте наскоро ќе добие отказ. 

Интер влезе како голем фаворит против Парма, но не само што не победи, туку во судиското продолжение се спаси од пораз.
 
На Нероазурите им недостасуваше Лукаку, тоа беше видливо, но Конте има доволно квалитет во составот за и без Белгиецот да победи тимови како Парма.
 
По мирното прво полувреме, следуваше блесок на Жервињо, тој погоди во 46. и 62. минута за водство на Парма од 2-0.
 
Брозовиќ брзо го врати Интер во игра, во 64. минута погоди за 2-1, но на домаќините тешко им одеше, се мачеа да дојдат во израмнување.
 
Се чинеше дека ќе го загубат мечот, но Перишиќ со гол со глава во 92. минута го изедначи резултатот на 2-2, тоа беше и конечниот исход.
 
По шест кола во Серија А, Интер има само три победи, а во Лигата на шампионите одигра нерешено со Шахтар и со Борусија Менхенгладбах. Алармото во клубот веќе е уклучен, Антонио Конте нема да има уште многу кредит, приситокот станува се поголем.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе