Серија А

Интер стигна до „првото место за лузери“, Лацио ќе се моли Рома и Наполи да не победат во Европа (ВИДЕО)

Интер ќе ја заврши сезоната како вицешампион откако вечерва со 0-2 славеше на гостувањето кај Аталанта, Лацио ќе финишира како четврти по поразот од 3-1 на гостувањето кај Наполи.

Познат е расплетот на горниот дел од табелата, Интер со 0-2 славеше на гостувањето кај Аталанта и ја заврши сезоната како вицешампион или „првото место за лузери“ како што кажа Антонио Конте пред една недела.

Д’Амброзио го отвори резултатот уште во првата минута, а Ешли Јанг убаво погоди од работ на шеснаесетникот за 0-2 по дваесетина минути игра.

Лацио загуби со 3-1 на гостувањето кај Наполи, па сега ќе се моли „наполитанците“ и Рома да не триумфирата во Европа. Има едно лудо сценарио со кое четвртото место на табелата нема да носи Лигата на шампиони доколку „волчицата“ ја освои Лига Европа а избраницте на Гатузо го подигне пехарот од ЛШ.

Милан ја потврди добрата форма со триумф од 3-0 над Каљари, додека пак Рома со 1-3 триумфираше над Јувентус во меч во кој не се играше за ништо.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе