Серија А

Интер среќно со гол во 95. минута славеше кај Лече (ВИДЕО)

Интер добро се помачи и со доста доза на среќа славеше на гостувањето кај Лече, Дамфрис со гради погоди во 95. минута од мечот.

Интер се израдува, и тоа убаво, на трите бода од гостувањето кај Лече. „Нероаѕурите“ поведоа по 80 секунди, Лукаку погоди со глава за 0-1.

Но домаќините успеаја да го изненадат фаворитот и да изедначат на стартот од второто полувреме со голот Сесај.

Избраниците на Инзаги потоа силно притиснаа, пропуштија неколку добри шанси, и кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, Дамфрис погоди во последниот напад.

По еден корнер, Мартинез ја сврте топката на втората статива, Џеко ја промаши но Дамфрис со гради успеа да го совлада голманот на Лече за 1-2 во 95. минута и огромна радост.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе