Лига Европа

Интер со победа се враќа од Бугарија, Јунајтед одигра реми во Бриж (ВИДЕО)

Интер со 2-0 победи на гостувањето кај Лудогорец, Манчестер јунајтед одигра 1-1 кај Клуб Бриж, Спортинг и Ристовски го совладаа Башакшехир со 3-1. 

Интер направи крупен чекор кон осминафиналето од Лига Европа откако го совлада Лудогорец на негов терен со 2-0.
 
Мрежите мируваа до 71. минута кога Ериксен со својот деби гол за Интер донесе водство за Интер од 1-0.
 
Во четвртата минута од судиското продолжение Лукаку погоди од пенал за победа од 2-0.
 
Манчестер јунајтед одигра 1-1 на гостувањето кај Клуб Бриж.
 
Домаќините поведоа со гол на Денис уште во 15 минута, Марсијал во 36. минута погоди за реми на Јунајтед.
 
Стефан Ристовски беше асистент за Спортинг на вториот погодок во победата на португалскиот тим од 3-1 на Башакшехир.
 
Спортинг имаше и три гола предност, но турскиот тим успеа да постигне гол кој му носи некаква надеж во реваншот.
 
Резултати на натпреварите од 18:55 часот:
 
Клуж - Севиља 1:1
Клуб Бриж - Манчестер јунајтед 1:1
Ајнтрахт - Салцбург 4:1
ФК Копенхаген - Селтик 1:1
Хетафе - Ајакс 2:0
Лудогорец - Интер 0:2
Шахтар - Бенфика 2:1
Спортинг - Башакшехр 3:1

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе