Серија А

Интер со „петарда“ во мрежата на Сампдорија го прослави Скудетото и постави нов рекорд (ВИДЕО)

Интер со убедливи 5-1 триумфираше против Сампдорија, за „нероаѕурите" ова беше 14-та победа во низа на домашен терен во Серија А и нов клупски рекорд.

Интер минатото коло стигна до Скудетото, па избраниците на Антонио Конте денеска против Сампдорија одиграа без терет и стигнаа до убедлива победа од 5-1 и покрај тоа што имаше многу измени во составот.

Резултатот беше отворен во 4. минута, Гаљардини погоди за 1-0. Во 26. минута, Гаљардини одлично го проигра Санчез, кој стрелаше прецизно за 2-0. Кеита намали на 2-1 во 35. минута, но веќе во следниот напад Санчез ја врати предноста од два гола.

Во продолжението од мечот, Пинамонти зголеми на 4-1 по еден час игра а десет минути подоцна, Мартинез од пенал ги постави конечните 5-1.

За Интер ова беше 14-та победа во низа на домашен терен во Серија А и нов клупски рекорд.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе