Имаат уште три дена за да се разделат со Аргентинецот

Интер со ново решение за Икарди, ќе го продолжи договорот на напаѓачот и ќе го испрати на позајмица?

Интер има нов план за решавање на иднината на Мауро Икарди, договорот на Аргентинецот треба да биде продолжен на една година до 2022 и потоа напаѓачот да биде испратен на позајмица.

Аргентинецот не е дел од плановите на Интер, ова му беше соопштено на Мауро Икарди уште пред неколку месеци, но напаѓачот се уште е во Милано.

Тој ги одби сите понуди што пристигнаа, се шпекулира дека Мауро Икарди чека предлог од Јувентус, но Ванда Нара оваа недела истакна дека нивна желба е да подолжат во „црно-синиот“ дрес.

„Нероаѕурите“ остануваат на ставот дека Мауро Икарди нема иднина на „Џузепе Меаца“ па сега се разгледува идејата со која привремено ќе може да се реши иднината на играчот.

Кориере дело Спорт пишува за можноста договорот на Аргентинецот да биде продолжен за една година до 2022 и потоа тој да биде испратен на позајмица надвор од Италија. Атлетико Мадрид, ПСЖ и Монако се посочуваат како можни дестинации.

„Има уште три дена до крајот на трансфер пазарот, но јас искрено се надевам дека ќе можеме да ја решиме ситуацијата на позитивен начин. Не можеме за сите детали да говориме јавно, но се што правиме, правиме одговорно“ – порача денеска директорот на Интер, Бепе Марота.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе