„Газета дело Спорт“ и „Кориере дело Спорт“ утринав излегоа со вест дека Интер ќе го промени официјалното име, па намсто Интернационале Милано, ќе биде Интер Милано.
Сепак според „Ла Република“, нема да има промена на името, тоа и понатаму ќе остане Интернационале Милано.
Ниту кинеските сопственици, ниту раководството немаат намера да го менуваат историското име на клубот.
За март е планирана промена на грбот на клубот и маркетинг кампања на која ќе оди името „Интер Милано“, па веројатно и тука настанала забуната на дел од италијанските медиуми.