Реал Мадрид си ја заврши работата откако со два гола на Бензема дојде до триумф над Борусија Менхенгладбах овој резултат му одговараше на Интер, но нероазурите не ја завршија својата работа, не го совладаа Шахтар.
Бензема двата гола ги постигна во првото полувреме на идентичен начин со глава, првиот по асистенција од Лукас, вториот од Родриго.
Интер на свој терен не успеа да го победи Шахтар, нероазурите како последни во група го завршија настапот во Европа.
И лани Интер заврши со настапот во ЛШ уште во групната фаза, но тогаш барем се префрли во Лига Европа.
Боруија Менхенгладбах и покрај поразот го освои второто место и е вториот патник во осминафиналето, а Шахтар како трет ќе игра во Лига Европа.
Патот во следната фаза го обезбеди и Атлетико Мадрид кој со 2-0 славеше над Салцбург, Хермосо и Караско ги постигнаа головите.
Со ист резултат Баерн Минхен ја совлада Локомотив Москва, Суле и Чупо Мотинг погодија.
Од оваа група Баерн Минхен и Атлетико Мадрид одат во осминафиналето, Салцбург ќе игра во Лига Европа, Локомотив испадна.
Во групата во која се беше решено Манчестер Сити со 3-0 го совлада Марсеј, Порто со 2-0 победи кај Олимпијакос.