Данецот може да си најде нов клуб во јануари

Интер се раздели со Ериксен и потсети на голот кој навивачите никогаш нема да го заборават (ВИДЕО)

Интер и Кристијан Ериксен денеска се разделија, на взаемна согланост беше раскинат договорот со трајност до 2024 година, Данецот во јануари може да си побара нов клуб.

Она што се најавуваше подолго време, денеска и официјално е потврдено, Интер попладнево соопшти дека е прекината соработката со Кристијан Ериксен.

Данецот добро ги исплаши сите кога колабираше на теренот на Европското првенство, за среќа брзата интервенција на соиграчите и лекарскиот тим, го вратија во живот фудбалерот.

По овој инцидент, Кристијан Ериксен беше опериран и му беше поставен Имплантабилен дефибрилатор на кардиовертер, уред кој го следи и регулира ритамот на срцето. Сепак, законите во Италија не дозволуваат тој да игра со ваков уред, па беше јасно дека ќе мора да го напушти „Џузепе Меаца“.

По долги шпекулации, разделбата се случи денеска, Интер ќе заштеди на плата, а Кристијан Ериксен ќе добие одврзани раце да си најде нов клуб во јануари. Се говори за враќање во Оденсе или Ајакс, а интерес има и од клубови во Премиерлигата.

Кристијан Ериксен во Интер одигра 60 натпревари и постигна 8 гола. Стана омилен лик кај навивачите со својот прекрасен гол од слободен удар во градското дерби против Милан со кој на Интер му донесе пласман во полуфиналето од Купот на Италија.

Токму овој момент е како еден од најзначајните во видеото кое Интер го објави во чест на Кристијан Ериксен.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе