Интер

Интер се приклучува во трката за Погба, има и адут кој го немаат другите

Интер им се приклучува на Јувентус, Реал Мадрид и ПСЖ во ловот по Пол Погба, тој особено е интересен откако Манчестер јунајтед не ја искористи опцијата да го продолжи неговиот договор. 

Според последните информации од Англија, Манчестер јунајтед одлучил да не ја искористи опцијата во договорот со Погба за продолжување до јуни 2022 година.
 
Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2021 година, што го прави подостапен за заинтересираните клубови.
 
Јувентус долго време се поврзува со Погба, но голем интерес има и од Реал Мадрид, а се пишува дека и ПСЖ го сака.
 
Сега „Тутоспорт“ и „Спортмедиасет“ тврдат дека Интер го сака Погба, а тој сака повторно да работи со Антонио Конте кој му беше тренер во Јувентус. 
 
Италијанскиот стратег е адутот кој го немаат другите заинтересирани клубови и токму тоа дава надеж на фановите на Интер дека Погба може да направи трансфер во нивниот клуб.
 
На Интер одлично му оди соработката со Манчестер јунајтед, изминатото лето оттаму ги донесоа Лукаку и Санчез, а во јануари пристигна и Ешли Јанг.
 

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе