Серија А

Интер преку Верона до врвот во Серија А (ВИДЕО)

Интер со 2-1 славеше на гостувањето кај Верона и се качи на првото место во Серија А, а дали таму ќе остане по ова коло ќе зависи од резултатот на Милан против Лацио. 

Интер дојде до посакуваните три бода од гостувањето кај Верони, момците на Конте се испотија за да ја остварат целта, но таа ги лансираше на врвот.
 
Резултатот беше отворен по седум минути игра во второто полувреме кога Лаутаро Мартинез погоди по асистенција од Хакими за водство од 1-0.
 
Но десет минути подоцна Верона го изедначи резултатот со гол на Илиќ. Сепак Интер не дозволи изненадувањ, Шкрињар реализираше во 69. минута за победа од 2-1.

Доколку Милан не победи во дербито против Лацио, Интер ќе остане на лидерската позиција, во спротивно повторно ќе падне на втората позиција.

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе