Мораат да ги балансираат сметките

Интер одредил која ѕвезда ќе ја жртвува, клубовите од Премиерлигата ги подготвуваат милионите

Медиумите од Италија пренесуваат дека Интер решил да го жртвува Алесандро Бастон, Тотнем и Манчестер Сити ги подготвуваат милионите за дефанзивецот.

Минатото лето, „нероаѕурите“ мораа да ги продадат Ашраф Хакими и Ромелу Лукаку со цел да ги балансираат сметките, а истото ќе се случи и ова лето, барен една ѕвезда ќе мора да биде жртвувана.

Најчесто се шпекулираше со името на Лаутаро Мартинез, како опција беше споменуван и Милан Шкрињар, а последните информации велат дека одлучено е тоа да биде Алесандро Бастони.

Манчестер Сити подолго време го мерка дефанзивецот, а интерес пројавува и Тотнем, Антонио Конте сака одново да соработува со својот сонародник.

Се говори дека Интер бара најмалку 60 милиони евра за услугите на Алесандро Бастони.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе