Икарди е во центарот на случувањата

Интер, Наполи и Рома се здружија за да го остават Јувентус со празни раце и да го симнат од тронот

Мауро Икарди е во центарот на пакт помеѓу Интер, Наполи и Рома, трите клуба се здружија за Аргентинецот да не го засили Јувентус и тие да имаат поголеми шанси за Скудетото.

„Бјанконерите“ имаат осум Скудета во низа, а и оваа година важат за прв фаворит за титулата во Серија А.

Ривалите солидно се засилија летово, но ниту Јувентус не седи со скрстени раце и донесе неколку нови имиња. Маурицио Сари има квалитетен состав, кој до крајот на преодниот би можел да стане уште посилен доколку пристигне Мауро Икарди, кој важи за еден од најдобрите голгетери во Италија.

Се верува дека спортскиот директор Фабио Паратичи има пакт со Ванда Нара за нејзиниот сопруг да ги одбива сите понуди, и кон крајот на преодниот рок Аргентинецот да пристигне во Јувентус за значително помала сума од онаа која во моментов ја бара Интер.

Но според пишувањата на Кориере дело Спорт, пакт направиле Интер, Наполи и Рома. Тие имаат план за Мауро Икарди да не заврши во Торино со што би си ги зголемиле шансите за титула и симнување на Јувентус од тронот.

Весникот вели дека Интер треба да го испрати Мауро Икарди во Наполи, Наполи да го продаде Аркадиуш Милик во Рома, а Рома да го пушти Един Џеко во Интер. Така трите клуба ќе ги задоволат своите желби за нов напаѓач, а „старата дама“ ќе остане со празни раце.

Секако, во центарот е Мауро Икарди, кој треба да го одбере Сан Паоло како следна дестинација. Се говори дека Аргентинецот се уште калкулира и чека Јувентус да тргне во офанзива. Најверојатно до почетокот на следната недела ќе нема никаков прогрес, и дури потоа клопчето ќе почне да се отплеткува.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе