Интер сака да го продаде или да го позајми Кристијан Ериксен на некој, но за позајмициа бара клубот во кој ќе оди целосно да му ја дава платата.
Последен кој се откажува е Лестер, тие беа заинтересирани за Ериксен, но платата е проблемот поради кој нема да го ангажириаат.
Ериксен во Интер заработува трипати повеќе од најплатениот фудбалер на Лестер, па клубот нема да дозволи нарушување на хиерархијата на плати за само да го ангажира Данецот.
Тој се поврзуваше и со враќање во Тотнем, но ниту тие немаат намера да му ги понудат примањата кои ги има во Интер.
Две третини од преодниот рок поминаа, Интер нема уште многу време за да се ослободи од Ериксен.