Куп на Италија

Интер му даде три гола на Милан и ќе игра во финалето од Купот на Италија (ВИДЕО)

Интер со убедливи 3-0 го доби големото градско дерби против Милан и на супериорен начин се пласираше во финалето од Купот на Италија. 

Првиот меч заврши 0-0, па со оглед на тоа дека во Италија се уште важи правилото за гол во гости, на Милан му вршеше работа и било кое реми со голови, но до такво нешто не дојде.
 
Дека работите нема да бидат добри за Милан беше најавено уште во четвртата минута кога Лаутаро Мартинез со супер волеј му донесе водство на Интер од 1-0.
 
Во 40. минута нов гол на Лаутаро Мартинез, Аргентинецот ја зголеми предноста на 2-0. Со тој резултат се отиде на полувремето.
 
Во 66. минута Бенасер даде гол, но погодокот му беше поништен поради пасивен офсајд, водството од два гола на Интер остана.
 
Конечните 3-0 ги постави Госенс кој погоди во 82. минута по додавање од Брозовиќ.
 
Во финалето Интер ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Јувентус и Фиорентина кој се игра утре. Во првиот меч старата дама победи во Фиренца со 1-0.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе