Лацио и Интер го играат натпреварот на сезоната

Интер ќе има армија од 12.000 навивачи на Олимпико во Рим!

Италијанските медиуми очекуваат Интер да има околу 12.000 фанови на стадионот Олимпико на неделното гостување кај Лацио. 

Лацио и Интер во недела играат голем натпревар за пласман во Лигата на шампионите. На домаќините им е доволно и реми, но нероазурите мора да победат на Олимпико за да дојдат до четвртото место.
 
Според „Газета дело Спорт“, Интер ќе има дури 12.000 фанови во Рим. Од нив околу 7.000 ќе бидат од Милано, а останатите 5.000 од други градови на Италија, но и од фан клубовите надвор од земјата.
 
Не се очекуваат проблеми низ улиците на Рим бидејќи навивачите на Лацио и Интер долго време се во пријателски односи.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе