Официјалното име сега е „Фудбалски клуб Интернационале Милано“, од март треба да биде „Интер Милано“ за да се потенцира наследството меѓу клубот и градот, пишуваат „Газета дело Спорт“ и „Кориере дела Сера“.
Исто така ќе има и промена на грбот, идејата ќе се развива околу буквите И и М.
Во наредниот период се очекува да има поконкретни информации за промената на името, но очекувањата се дека никој нема да има проблем со ваквата промена ако се знае дека ионака сите фанови го викаат Интер, а не според официјалното име, Интернационале Милано.