Лига на шампиони

Интер киксна на стартот од новата сезона во ЛШ, само бод против Славија Прага (ВИДЕО)

Интер одигра само 1-1 против Славија Прага на свој терен, италијанскиот тим може да биде и среќен со бодот бидејќи гостите водеа до самиот финиш.

Интер влезе како голем фаворит против Славија Прага но се спасуваше од пораз во судиското продолжение од натпреварот.
 
Резултатот долго време беше 0-0, течеше 63. минута кога Олајинка начека една одбиена топка од Хандановиќ, ја смести во неговата мрежа и донесе водство за Славија Прага.
 
Интер тргна уште поофанзивно кон голот на чешкиот тим и конечно во 92. минута преку Барела изедначи на 1-1.
 
Долго беше судиското продолжение, дури осум минути, Интер се обиде да направи и комплетен пресврт, но не успеа.
 
Во другиот завршен меч и Лион и Зенит одиграа нерешено 1-1.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе