Серија А

Интер киксираше и против Лече, „нероаѕурите“ полека го губат здивот во трката со Јувентус (ВИДЕО)

Интер испушти нови два бода во битката со Јувентус за Скудетото, попладнево „нероаѕурите" одиграа само 1-1 на гостувањето кај Лече.

2020 лошо започна за Интер. „Нероаѕурите“ минатото коло ремизираа против Аталанта и го испуштија насловот есенски шампион, а денеска следуваше нов кис и испуштени нови два бода, па Јувентус вечерва може да отиде на +4.

Антонио Конте нема по добро да го памети враќањето во родниот град, неговите избраници се лизнаа против Лече. Интер доминираше во првиот дел, креираше неколку добри шанси, Брозовиќ ја погоди и стативата, но Габриел не беше совладан. На спротивната страна, во последните секунди, судијата досуди пенал во корист на Лече за играње со рака на Сенси, но по прегледување на повторените снимки и ВАР, ја преиначи одлуката.

Интер беше подобар противник и во вториот дел и конечно успеа да го скрши отпорот на Лече во 71. минута. Нововлезениот Бастони скокна највиско по една нафрлена топка и погоди за 0-1.

Сепак, во 77. минута Лече го шокираше фаворитот. Бастони задоцни со блокот и му овозможи на Манкосу да реализира за 1-1.

Победник немаше ниту на останатите два натпревари од 15 часот, Бреша и Каљари одиграа 2-2, а 1-1 беше и на пресметката помеѓу Болоња и Верона.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе