Трансферот наскоро и официјално ќе биде потврден

Интер ја прифатил понудата, Лукаку се враќа во Челси

Ромелу Лукаку наскоро ќе стане играч на Челси, последните информации велат дека паднал договор за неговиот трансфер. 

Постигнат е договор меѓу двата клуба, Челси на Интер ќе му плати 115 милиони евра, во наредните денови ќе бидат завршени сите формалности.
 
Ромелу Лукаку ќе потпише долгогодишен договор за плата од 12 милиони евра по сезона плус бонуси.
 
Токму Челси беше клубот кој го донесе Лукаку во Англија, но напаѓачот има одиграно само 10 меча за сините. Беше даван на позајмица во ВБА и Евертон кој подоцна и комплетно го откупи.
 
Шампионскиот тим на Интер ќе биде значително ослабен за наредната сезона, ќе недостигаат Конте, Лукаку и Хакими.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе