„Нероаѕурите“ се подготвени да се најдат на средина

Интер ја одбил понудата на ПСЖ за Икарди и доставил контрапредлог

Медиумите од Италија пренесуваат дека Интер ја одбил понудата на ПСЖ за Мауро Икарди вредна 50+10 милиони евра, „нероаѕурите" бараат загарантирани 60 милиони плус бонуси.

„Светцитe“ до крајот на месецов имаат опција во целост да го купат Мауро Икарди за 70 милиони евра. Раководството на клубот од Париз се обидува да ја искористи пандемијата на коронавирус за да добие попуст, и синоќа беше пренесено дека ПСЖ испратил понуда вредна 50 милиони евра, плус додатни 10 милиони во бонуси. 

Неколку извори од Италија утрово пренесуваат дека предлогот веднаш бил одбиен. 

„Нероаѕурите“ се подготвени на мал компромис, односно бараат загарантирани 60 милиони евра плус бонуси, со кои би се стигнало до првично договорената сума од 70 милиони евра. 

ПСЖ за позајмицата на Муаро Икарди веќе одвои 13 милиони евра, плус во целост ја покрива платата на Аргентинецот.

Јувентус и Наполи сакаат да го видат голгетерот во своите редови, а доколку ПСЖ реши да ја искористи опцијата и веднаш да го продаде во Италија, ќе треба да му доплати плус 15 милиони евра на Интер.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе