Серија А

Интер и Рома ги поделија бодовите, Перишиќ го откажа прекрасниот гол на Ел Шарави (ВИДЕО)

Дербито на „Џузепе Меаца" заврши без победник, Ел Шарави со прекрасен гол донесе водство за Рома, Перишиќ се погрижи Интер да се избори за бод.

Во претпоследниот меч од 33. коло во Серија А, немаше победник на дербито помеѓу Интер и Рома.

Гостите поведоа во 14. минута, кога Ел Шарави имаше убав продор, нанижа неколку играчи и го матираше Хандановиќ со шут од далечина за 0-1.

Интер се избори за реми по еден час игра, Перишиќ погоди на асистенција на Д'Амброзио за 1-1. Резултатот веројатно ќе им одговара на двете екипи, но со победа, и Интер и Рома можеа да направат значаен исчекор, „нероаѕурите“ кон зацврстување на третата позиција а „волчицата“ влез во топ четири.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе