Португалецот експресно му се врати на фудбалот

Интер и Мурињо следната сезона ќе бидат ривали, „специјалниот“ е нов тренер на Рома!

Рома попладнево соопшти дека има договор со Жозе Мурињо за „специјалниот" да го превземе кормилото на тимот, се работи за соработка со трајност до 2024 година.

Жозе Мурињо пред некој ден изјави дека е професионалец и дека нема да размислува двапати доколку добие понуда од ривал на Интер. Португалецот остана доследен на зборот па следната сезона одново ќе биде дел од Калчото.

Рома попладнево соопшти дека е подадена рака со Жозе Мурињос за „специјалниот“ да го превземе кормилото на тимот. Тој ќе стави потпис на тригодишен договор и ќе се обврзе кон „волчицата“ до јуни 2024 година.

„Задоволни сме што можеме да му посакаме добредојде на Жозе Мурињо. Се работи за голем шампион кој освојуваше трофеи секаде каде што работел. Жозе ќе донесе големо искуство и лидерство на нашиот амбициозен проект. Назначувањето на Жозе за нов тренер е чекор напред кон изградба на победничка култура во клубот“ – рече претседателот Ден Фридкин.

Жозе Мурињо за својата нова авантура вели: „Сакам да му се заблагодарам на семејството Фридрик што ме одбраа мене да го водам овој голем клуб и да бидам дел од нивната визија“.

„По состанокот со сопствениците и Тиаго Пинто, веднаш разбрав какви се амбициите на Рома. Се работи за истата амбиција која ме мотивираше во текот на целата кариера, па заедно сакаме да изградиме победнички проект“.

„Неверојатната пасија на фановите на Рома ме убеди да ја прифатам оваа работа и со нетрпение го чекам стартот на новата сезона. Во меѓувреме, сакам да му посакам се најдобро на Пауло Фонсека“.

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе