Луд крај на Серија А

Интер и Џенова трепереа до последната секунда, но на крајот се радуваа, нема ЛШ за Милан! (ВИДЕО)

Драма во последното коло од Серија А до последен момент, Аталанта и Интер ќе играат во Лигата на шампионите, Џенова обезбеди опстанок.

Супер возбудливо беше последното коло во Серија А, Интер и Џенова трепереа до последен момент, но на крајот се радуваа.
 
Аталанта си ја заврши домашната задача иако Сасуоло прв поведе во Бергамо, сепак на крајот домаќините победија со 3-1 и го освоија третото место кое води во Лигата на шампионите.
 
Милан го победи Спал со 3-2 на негов терен, головите за Росонерите ги постигнаа Чалханоглу, и два даде Кеси.
 
Но, најголемата драма се случуваше на мечот меѓу Интер и Емполи каде и домаќините трепереа и Џенова на која опстанокот и зависеше од овој натпревар.
 
Интер поведе во 51. минута со гол на Кеита, а десет минути подоцна Икарди промаши пенал за 2-0. Казната стигна во 76. минута кога Траоре изедначи на 1-1. Со овој резултат и моментните случувања од другите терени, Милан одеше во ЛШ а не Интер, а Џенова испаѓаше.
 
Во 81. минута Наинголан даде гол и го врати водството на Интер, се врати душата кај навивачите на Нероазурите но и на оние на Џенова.
 
До крајот на мечот Емполи напаѓаше со сите сили и имаше неверојатни шанси, Интер го спасуваше и Хандановиќ и стативата.
 
Во судиското продолжение и голманот на Емполи беше во шеснаесетникот на Интер при еден корнер. Не испадна тој добро за нив, па од корната Брозовиќ од центар постигна гол за 3-1, но за да биде уште поинтересно, ВАР го поништи погодокот поради фаул. Емполи повторно имаше шанси, драмата траеше буквално до последниот свиреж на судијата.
 
На крајот се радуваше Интер, и Џенова која одигра 0-0 на гостувањето кај Фиорентина и обезбеди опстанок само поради подобар меѓусебен дуел со Емполи.
 
Пандев беше стартер на мечот и одигра до 84. минута кога беше заменет. 

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе