Серија А

Интер губеше со 0-2 по еден час игра, па даде четири гола и ги однесе бодовите (ВИДЕО)

Интер и Торино одиграа возбудлив натпревар со шест погодока, домаќините се вратија од два гола негатива и славеа со 4-2, Рома без многу проблеми стигна до триумд од 3-0 против Парма.

Торино имаше два гола предност по еден час игра на „Џузепе Меаца“, но Интер до крајот направи голем кам-бек и славеше со 4-2. Во финишот на првиот дел, Ѕаѕа прецизно пласираше од работ на шеснаесетникот за 0-1, а Ансалди од пенал во 62. минута зголеми на 0-2.

Сепак, само две минути подоцна Алексис Санчез намали на 1-2, а во 67. минута, Лукаку изедначи на 2-2.

Лукаку во 84. минута од пенал го донесе Интер во предност од 3-1 а во 90. минута, Мартинез ги реши сите дилеми и ги постави конечните 4-2.

Рома без Един Џеко лесно се справи со Парма и славеше со 3-0. Болоња со 1-2 победи на гостувањето кај Сампдорија, а гостинска победа од 0-2 извојува и Сасуоло против Верона.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе