Големо засилување за „нероазурите“

Интер го потврди трансферот на Кристијан Ериксен

Интер потврди дека Кристијан Ериксен е нивното ново засилување, тој стави потпис на договор до јуни 2024 година. 

Кристијан Ериксен го официјализираше трансферот од Тотнем во Интер откако потпиша договор до 2024 година.
 
Ериксен синоќа пристигна во Милано и ги помина медицинските тестови. Тој шест и пол години играше за Тотнем, но не сакаше повеќе да продолжи во Лондон. Англискиот клуб мораше да го продаде во јануари за да заработи од неговиот трансфер.
 
„Прекрасно е што сум тука, среќен сум што сум нов фудбалер на Интер. Многу сум возбуден, не можам да дочекам да им се презентирам на фановите. Веќе ја почувствував нивната топлина. Беше фантастично добредојде, се чувствувам одлично“, изјави Ериксен.
 
Според италијанските медиуми, Интер на Тотнем за овој трансфер му плаќа 20 милиони евра, а Ериксен ќе добива плата од 8 милиони евра по сезона.

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе