Серија А

Интер го победи Киево, му требаат уште три бода за место во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Интер по еден месец победи и со 2-0 го совлада Киево, на „нероаѕурите" сега им се потребни уште три бода за топ четири финиши и место во Лигата на шампионите.

Во последниот меч од 36. коло во Серија А, Интер пред своите фанови славеше во дуелот со последнопласираниот Киево. За избраниците на Лучано Спалети ова беше прва победа по еден месец.

„Нероаѕурите“ можеби не импресионираа, но ја завршија работата благодарејќи на погодоците на Политано и Перишиќ.

Во 39. минута, една топка случајно се одби до Политано кој од врвот на шеснаесетникот биеше прецизно по земја за 1-0.

Победата беше осигурана дури во финишот од мечот по една долга акција во која Кандрева одлично се снајде покрај гол-аут линијата и го проигра Соареш, кој биеше силно но само ја стресе рамката од голот. Сепак, топката се одби до Перишиќ кој од 11 метри погоди за 2-0.

Со овој триумф, Интер се врати на третата позиција на табелата и во последните две кола му требаат три бода за топ четири пласман и настап во Лигата на шампионите.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе