Серија А

Интер го победи Фросиноне за 5+ (ВИДЕО)

Интер се помачи но на крајот стигна до триумф од 1-3 на гостувањето кај Фросиноне, и креираше пет бода предност во однос на Милан на третата позиција на табелата.

Во претпоследниот натпревар од 32. коло во Серија А, Интер триумфираше на гостувањето на „Бенито Стирпе“. Со голот на Наинголан во 19. минута и пеналот на Перишиќ во 37. минута, Интер на пауза замина со убава предност.

Сепак, избраниците на Спалети малку се опуштија во продолжението од мечот, па Фросиноне намали на 1-2 по еден час игра.

Домаќините потоа почнаа да притискаат по нов гол, го ставија  Интер под притисок, но гостите ги осигураа трите бода со една контра во 93. минута која Весино ја реализираше за конечни 1-3.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе