„Нероаѕурите“ добија нов спонзор по 26 години

Интер го откри наследникот на Пирели (ФОТО)

Интер попладнево ја официјализираше соработката со блокчејн платформата „Чилиз", преку ова партнерство ќе се промовира Фан Токенот на „нероаѕурите".

Пирели беше спонзор на Интер од 1995 година, но соработката заврши на крајот од минатата сезона. Производителот на гуми плаќаше премалку за денешни услови па газдите Сунинг побараа нов партнер кој ќе донесе многу повеќе пари во клупската каса.

Целта беше да се приберат 30 милиони евра, но поради кризата која ја донесе пандемијата на коронавирус, Интер на крајот мораше да се задоволи со сума од 20+ милиони евра.

Попладнево, „нероаѕурите“ ја официјализираа соработката со блокчејн платформата „Чилиз“. На дресот на Интер ќе стои логото на Сосиос (Socios.com) креатаорот на Фан Токени и партнерството ќе го промовира Фан Токенот на Интер ($ INTER Fan Token) кој наскоро ќе биде лансиран на пазарот.

Се очекува Интер во скоро време да промовира уште два спонзори, се говори дека логото на Леново ќе стои на задниот дел на дресот за 5+ милиони евра по сезона, а слична сума се очекува да донесе и спонзорот кој ќе стои на ракавот на дресот, иако во моментов нема информации за која компанија станува збор.

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе