Паднал договор

Интер го одбра наследникот на Конте, со двојно поголема плата го примами Симоне Инѕаги

Симоне Инѕаги ќе биде нов тренер на Интер, „нероаѕурите" во последен миг го украдоа тренерот од Лацио и го примамија со двојно поголема плата.

Откако синоќа се раздели со Антонио Конте, Интер за брзо време си најде нов тренер. Голем број на извори од Италија пренесуваат дека Симоне Инѕаги ќе седне на кормилото на „Џузепе Меаца“.

Симоне Инѕаги вчера имаше средба со првиот човек на Лацио, Клаудио Лотити и двајцата постигнале согласност за нова тригодишна соработка, но потпис на договорот не бил ставен, па Интер денеска успеа да го „украде“ стратегот.

„Нероаѕурите“ на маса ставиле двојно поголема плата и договор вреден 4 милиони евра по сезона плус бонуси, па го примимали Симоне Инѕаги.

Генералниот извршен директор на Интер, Бебе Марота изјави дека наскоро се ќе биде јасно: „Вечерва ќе се знае новиот тренер, барем неофицијално“.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе