Лига на шампиони

Интер го доби „финалето“ со Дортмунд, Ливерпул убедлив, победи за Барса и Наполи (ВИДЕО)

Интер го доби мечот кој за нив беше како финале, ја победи Борусија Дортмунд со 2-0, најубедлив беше Ливерпул кој со 4-1 славеше кај Генк, Барса со 2-1 ја победи Славија во Прага, а Наполи со 3-2 триумфираше на гостувањето кај Салцбург. 

По ремито со Славија Прага и поразот од Барселона, Интер ја оствари првата победа откако со 2-0 ја совлада Борусија Дортмунд. 
 
Интер поведе во 22. минута со гол на Лаутаро Мартинез. Аргентинецот во 83. минута можеше да постигне уште еден погодок, но промаши пенал.
 
Конечниот резултат беше поставен во 89. минута кога по една контра Кандрева реализираше за победа од 2-0.
 
Европскиот шампион Ливерпул се прошета во Генк, славеше со 4-1, а поведе со погодок на Окслејд Чембрлејн уште во втората минута од мечот.
 
Во 87. минута Окслејд Чембрлејн постигна уште еден погодок, овој пат мајсторски за 2-0. Потоа реализираа и Мане и Салах за убедливо водство од 4-0. Домаќините во финишот успеаа да постигнат само почесен гол.
 
Барселона преку Меси поведе уште во третата минута во Прага против Славија, но домаќините изедначија на 1-1 по пет минути игра во вториот дел. Сепак само седум минути подоцна домаќините си дадоа автогол кој значеше триумф за каталонскиот гигант.
 
Наполи со 3-2 победи на гостувањето кај Салцбург, Елиф Елмас ги одигра последните десетина минути од натпреварот.
 
Мертенс беше стрелец на два гола со кој на два пати му носеше водство на Наполи, но Халанд на два пати изедначуваше. Победничкиот гол го постигна Инсиње на 15 минути пред крајот.
 
Бенфика со 2-1 го победи Лион, а Лил и Валенсија одиграа нерешено 1-1. Претходно Челси со 1-0 славеше кај Ајакс, а Лајпциг го совлада Зенит со 2-1.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе