Серија А

Интер доминираше на „Дерби дела Мадонина“ за победа над Милан и +4 на врвот (ВИДЕО)

Интер ја доби градската пресметка со Милан, „нероаѕурите" предводени од Лаутаро и Лукаку славеа со 0-3 и се одлепија на +4 на врвот на табелата.

Интер доминираше на, „дерби дела Мадонина“, триумфираше со 0-3 и сега има предност од четири бода на табелата.

Резултатот беше отворен по пет минути игра, Лукаку нафрли а Лаутаро со глава го совлада Донарума со 0-1. Иако резултатот беше рано отворен, до крајот на првото полувреме немаше нов гол, но затоа на стартот од вториот дел, „росонерите“ отворија силно, Хандановиќ во два наврати го спречи Ибра со фантастични интервенции а потоа го одбрани и обидот на Тонали.

Откако го преживеа овој атак, Интер поведе со 0-2 во 57. минута, по една убава акција, Перишиќ му асистираше на Лаутаро за 0-2.

Дест минути подоцна, Интер ги реши сите дилеми, Лаутаро овој пат беше во улога на асистент а Лукаку го матираше Донарума за 0-3.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе