Серија А

Интер до убедлива победа против Џенова, Икарди се врати со гол и асистенција (ВИДЕО)

Интер стигна до триумф од 0-4 на гостувањето кај Џенова, Мауро Икарди се врати во тимот со гол и асистенција.

По шест недели надвор од тимот, Мауро Икарди денеска доби шанса да стартува против Џенова. Аргентинецот се врати со гол и асистенција во победата од 0-4 на гостувањето кај Џенова. 

Напаѓачот погоди од пенал во 40. минута за 0-2, откако претходно Гаљардини го отвори резултатот. Икарди потоа на стартот од вториот дел му додаде на Перишиќ за 0-3, а Гаљардини со својот втор гол во 81. минута го постави конечниот резултат. 

На Интер во прилог му одеа и резултатите на ривалите за топ четири пласман. Рома забележа нов кикс и одигра 2-2 против Фиорентина, додека пак Лацио загуби на гостувањето кај СПАЛ со 1-0. 

Торино со 2-1 ја совлада Сампдорија, а Фросиноне во драматичен финиш стигна до триумф од 3-2 над Парма со гол од пенал во 100-та минута.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе