Серија А

Интер броеше до шест против Болоња (ВИДЕО)

Интер денеска ја промовираше третата варијанта на дресови, кои добро му легнаа, победена е Болоња со 6-1. 

Дека ова нема да биде добар ден за Болоња, беше најавено уште во шестата минута кога по асистенција од Думфрис, Лаутаро Мартинез погоди за водство од 1-0.
 
Ова беше прв натпревар како заедно стартуваа Лаутаро и Кореа, но Инзаги не успеа да види дали во таква комбинација ќе функционира нападот на Интер. Кореа излезе од игра уште во 29. минута поради повреда, на негово место влезе Џеко.
 
Во 30. минута по асистенција од Димарко, Шкрињар со глава реализираше за 2-0, а четири минути подоцна Барела зголеми на 3-0. Тоа беше резултатот по првото полувреме.
 
По девет минути игра во вториот дел Весино зголеми на 4-0, а потоа следуваа два гола на Един Џеко за 6-0.
 
До крајот на мечот Болоња преку Теате успеа само да постигне почесен гол за конечни 6-1.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе