Инфантино: Тие кои избрале да одат во Суперлигата, треба да живеат со тоа, не може да се и ваму и таму

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино даде поддршка на УЕФА за исфрлање на фудбалерите кои ќе играат во Суперлигата, тој вели дека нема да може да се игра и во таа затворена „продавница“ и во натпреварувањата на УЕФА и ФИФА. 

Претседателот на ФИФА, Инфантино го кажа својот став за Суперлигата.
 
„Во ФИФА ние силно се спротивставуваме на создавањето на Суперлигата, суперлигата е затворена продавница која не ги почитува сегашните институции. Даваме полна поддршка на УЕФА“, вели Инфантино.
 
„Моја задача и наша задача е да го заштитиме европскиот спортски модел, клупските натпреварувања и инационалните тимов. Доколку тие одбрале да одат по сопствен пат, мора да живеат со нивниот избор. Не може да се и таму и ваму. Не може да се пола внатре пола надвор“.
 
„Моја задача, наша задача е да го спасиме клупскиот и интернационалниот фудбал“. 

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе