Куп на Македонија

Индивидуална мајсторија на Фелипе го спаси Вардар од пораз

Првиот натпревар помеѓу Вардар и Шкендија во Купот на Македонија заврши без победник, гостите поведоа но Хуан Фелипе со индивидуална мајсторија и еврогол од слободен удар ги спаси скопските „Црвено-црни" од пораз

И втората пресметка помеѓу Вардар и Шкендија во период од една недела заврши со идентичен резултат. Попладнево во Купот на Македонија на арената „Филип Втори“ двата лути ривали одиграа 1-1.

Резултатот беше отворен во 63. минута. Дарко Глишиќ погреши во нападот, Шкендија отвори контра која на крајот умешно ја реализираше Бесарт Ибраими за 0-1.

Вардар стигна до изедначување во 79. минута преку Хуан Фелипе. Бразилецот мајсторски биеше од слободен удар, топката заврши во десниот агол на Захов, кој не можеше да стори ништо и покрај тоа што се испружи колку што е долг.

Патникот во полуфиналето ќе биде познат на 7. март по одигрувањето на реваншот во Тетово.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе