Брилијантен одговор на Англичанецот

Инцидент на Емирати, фан на Арсенал со шише го погоди Деле Али, па тој му покажа колку е резултатот (ВИДЕО)

Дербито на Северен Лондон не успеа да помине без инцидент, фан на Арсенал со шише го погоди Деле Али во глава, а фудбалерот на Тотенхем брилијатно одговори и на публиката и покажа колку е резултатот.

„Спарси“ го добија дербито со лутиот ривал во четвртфиналето на Лига Купот, Тотенхем со 0-2 триумфираше на гостувањето кај Арсенал.

Играч на мечот беше Деле Али, кој асистираше за првиот погодок, а потоа самиот го матираше Чех. Англичанецот исто така имаше и дуел со публиката на Емирати.

Дваесетина минути по голот кој го постигна, навивач на „Топчиите“ го погоди Деле Али во глава со шише вода. Фудбалерот на Тотенхем одговори на провокацијата и на публиката и покажа колку е резултатот.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе