Играч на месецот

Импресивниот Фернандеш веднаш доби награда за најдобар во Премиерлигата

Бруно Фернандеш го крена Манчестер јунајтед, со неговите импресивни партии тимот на Солшер им се врати на победите, Португалецот ја доби наградата за најдобар играч во февруари од Премиерлигата. 

Фернандеш во јануари за околу 50 милиони евра пристигна во Манчестер јунајтед од Спортинг. Тој брзо покажа дека ќе биде едно од најголемите засилувања на клубот во последните години.
 
Во февруари Бруно Фернандеш ги одигра сите натпревари за Јунајтед, а импресивните партии не останаа незабележани од Премиерлигата. Тој ја доби наградата за најдобар фудбалер во февруари.
 
„Од дете сонував да играм за Манчестер јунајтед, и тоа што сум на Олд Трафорд е остварување на најголемиот сон во мојата кариера“, вели Португалецот за официјалниот сајт на Премиерлигата.
 
„Кога ќе дојдете во нов клуб веднаш сакате да дадете гол, првиот гол е посебен. Не е важно каков гол ќе дадете, туку важна е неговата вредност“.
 
„Задоволен сум со мојот старт, но треба да дадам уште повеќе за да бидам подобар“.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе