Серија А

Имобиле во 91. минута му донесе триумф на Лацио и ја продолжи неверојатната победничка серија (ВИДЕО)

Лацио беше на работ на кикс на гостувањето кај Бреша каде играше 50 минути со фудбалер повеќе, но Имобиле погоди во судиското продолжение и донесе победа од 2-1. 

Лацио во одлична форма влезе во мечот кај Бреша, но малку фалеше од таму да не си замине со целиот плен иако повеќе од едно полувреме играше со фудбалер повеќе.
 
Бреша поведе со гол на Балотели во 18. минута од натпреварот.
 
На пет минути до крајот Кистана направи прекршок за пенал, доби втор жолт картон, домаќините останаа со играч помалку, Имобиле ја реализираше најстрогата казна и израмни на 1-1.
 
Лацио долго време се мачеше да даде и втор гол, тешко му одеше, и кога се чинеше дека нема да победи, Имобиле постигна погодок во 91. минута за комплетен пресврт и нова победа.
 
Лацио има серија од 12 меча без пораз во Серија А од кои 10 им се победи.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе