Серија А

Имобиле се посрамоти од белата точка, Елмас и Наполи го елиминираа Лацио (ВИДЕО)

Наполи се пласираше во полуфинале на Купот на Италија откако вечерва со 1-0 го совлада бранителот Лацио со голот на Лоренцо Инсиње.

Малку радост за Наполи и Џенаро Гатузо, формата во Серија А е очајна, но вечерва „наполитанците“ го совладаа залетаниот Лацио и се пласираа во полуфинале на Купот на Италија.

Домаќините одлично го отворија мечот и поведоа по 100 секунди. Лоренцо Инсиње сам си направи простор за шут, се прошета низ одбраната на гостите и пласираше на подалечната статива за 1-0.

„Бјанкочелестите“ брзо можеа да се вратат во игра, во 10. минута добија пенал, но најдобриот стрелец во Калчото, Чиро Имобиле се обрука од белата точка, се лизна и биеше лошо.

Драмата продолжи со втор жолт картон за Хисај и исклучување во 19. минута, за на спротивнста страна Лукас Леива на брзина два пати да влезе во бележникот на судијата, еднаш за старт над Зиелински и уште еднаш за навреди кон делителот на првдата, па двата тима останаа со играч помалку.

Во продолжението од мечот Лацио имаше два поништени голови, рамката од голот беше погодена четири пати, но резултатот остана оној од 2. минута.

Нашиот Елиф Елмас доби шанса од клупата, влезе во игра во 67. минута од мечот.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе