Нова контроверзија

Имаа 12 години да го испланираат мундијалот и на 100 дена пред почетокот им текна да го менуваат распоредот

Голем број на извори пренесуваат дека Катар побарал да се промени распоредот на Светското првенство и тие да го отворат мундијалот на 20. ноември, односно еден ден порано од закажаниот термин.

Голем број на извори пренесуваат дека Катар побарал да се промени распоредот на Светското првенство и тие да го отворат мундијалот на 20. ноември, односно еден ден порано од закажаниот термин. 

Одлуката на Катар да му се додели Светското првенство постојано беше следена од контроверзии, а таков е и последниот потег на земјата домаќин. 

Голем број на извори пренесуваат дека Катар побарал од ФИФА мундијалот да започне еден ден порано, односно отварањето да биде на 20. ноември и тие како домаќин да играат против Еквадор. 

Светската куќа на фудбалот сега треба да даде зелено светло, но се верува дека ова е само формалност. 

На последните четири мундијали, домаќинот беше тој кој го отвараше Светското првенство, никој не го спори барањето на Катар од оваа гледна точка, но на сите им боди во очи тоа што Катар и ФИФА имаа 12 години да го испланираат настанот а на нешто повеќе од 100 дена им текна да го менуваат распоредот.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе