Јувентус е во постојан контакт со УЕФА

Има отстапки од правилата, Роналдо може да настапи против Барса со негативен тест на 48 часа пред мечот?!

Кристијано Роналдо сепак има шанси да настапи против Лео Меси и Барселона во Лигата на шампиони, доволно ќе биде и негативен тест на ковид-19 на 48 часа пред мечот.

Попладнево беше објавено дека Кристијано Роналдо и понатаму е позитивен на коронавирус, па тоа значи дека нема да игра против Лео Меси и Барселона во Лигата на шампиони. Според правилата на УЕФА, потребен му е негативен тест на седум дена пред мечот.

Сепак, голем број на извори пренесуваат дека има отстапки и дека е доволен и негативен тест на ковид-19 на 48 часа пред мечот.

Како пример се посочува случајот со дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони кој настапи против Борусија Менхенгладбах и покрај тоа што негативниот тест не беше на 7 дена пред мечот.

Според АС, Јувентус може да побара и посебна дозвола од УЕФА за Кристијано Роналдо да настапи со негативен ПЦР тест на 24 часа пред натпреварот.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе