За прв пат имаше средба лице во лице

Има ли прогрес во преговорите за Нејмар? Ова е епилогот од средбата на Барса и ПСЖ во Париз

Синоќа во Париз делегација на Барселона се сретна со спортскиот директор на ПСЖ Леонардо, според медиумите, состанокот донел минимален напредок во преговорите.

Нејмар сака да замине од Паркот на Принцовите и да се врати на Камп Ноу. Па Барселона се обидува да најде формула за реализирање на трансферот. Изминатиов период, посредници ги водеа преговорите помеѓу двата клуба, но синоќа за прв пат имаше состанок лице во лице.

Делегација на Барселона составена од директорот Бордас, техничкиот секретар Абидал и човекот од доверба Кури отпатува во Париз на средба со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.

Двете страни неколку часа разговараа, и според медиумите состанокот донeл минимален напредок во преговорите, разликите и понатаму остануваат големи.

„Светците“ за да се разделат со Нејмар ги побарале Филипе Кутињо, Нелсон Семедо и минимум 100 милиони евра. Барса од друга страна пак не сака да слушне за заминување на десниот бек, и во пакаетот покрај Филипе Кутињо го понудила Иван Ракитиќ.

И додека за ова можеби ќе биде постигнат компромис бидејќи Леонардо е голем фан на играта на Хрватот, камен на спрепнување останува сумата која треба да биде доплатена.

Барселона е подготвена да одвои околу 60-80 милиони евра, но да ги плати дури следната година. ПСЖ пак инсистира сега да ги добие парите за да може да донесе засилувања.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе