Утрово навивачите на Манчестер јунајтед се разбудија со веста дека Илон Маск го купува клубот. Тој го твитна тоа и предизвика лавина од реакции.
Маск се надоврза на друг твит и напиша: „Исто така, го купувам Манчестер јунајтед“.
Но брзо потоа со уште два твита објасни дека само се шегувал.
„Не, ова беше само шега на твитер. Не купувам ниту еден спортски тим. Но ако би купил некој тим, тоа би бил Манчестер јунајтед. Тие беа мој омилен тим кога бев дете“, објасни Маск на социјалните мрежи.
Фановите на Манчестер јунајтед одамна сакаат промена на газдите, во минатото често имаше и протести против фамилијата Глејзер, а такви се најавуваат и сега по очајниот старт на сезоната.