Напаѓачот нема вечно да ги чека „бјанконерите“

Икарди со ултиматум до Јувентус: Имате рок да ме купите до 10. август, потоа преговарам со Наполи

Медиумите од Италија пренесуваат дека Мауро Икардо го известил Јувентус дека има рок до 10. август да го реализира неговиот трансфер или во спротивно тој ќе почне преговори за преселба во Наполи.

Аргентинецот не е дел од плановите на Антонио Конте и ова лето треба да замине од Милано. Но малку клубови пројавуваат интерес за неговите услуги и најчесто се шпекулира со имињата на Јувентус и Наполи.

Недамна на Ибица имаше средба помеѓу сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара и спортскиот директор на „старата дама“, Фабио Паратичи. Се шпекулира дека двете страни направиле пакт и Јувентус побарал играчот да ги одбива сите понуди и да биде трпелив до следниот месец.

Но Мауро Икарди нема вечно да ги чека „бјанконерите“. Спортмедиасет пренесе дека напаѓачот поставил рок до 10. август да биде реализиран неговиот трансфер во Торино. Во спротивно тој ќе почне да преговара за преселба во Наполи и ќе го одбере Сан Паоло како следна десетинација.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе