„Нероаѕурите“ го пријавија Аргентинецот за настап

Икарди на списокот за Серија А со „седумката“, напаѓачот се враќа или Интер сака само да избегне тужба?

„Нероаѕурите" доцна попладнево го објавија списокот со играчи за новата сезона во Серија А, на листата се најде и името на Муаро Икарди кој ја доби „седумката".

Иднината на Мауро Икарди цело лето е под знак прашалник. Интер не смета на услугите на Аргентинецот, тој практично беше отстранет од тимот и не беше дел од турнејата во Азија ниту пак тренира со преостанатиот дел од играчите. 

Рома и Наполи пројавија интерес за неговите услуги, пристигнаа неколку понуди, но играчот одбива да замине и се верува дека ќе си оди само доколку му биде овозможен трансфер во Јувентус. 

Мауро Икарди и неговата сопруга не зборат премногу, но затоа се активни на социјалните мрежи, и нивните постови често навестуваат нешто. Оваа недела напаѓачот постираше слики од неговиот нов дом во Милано и многумина оваа го протолкуваа како сигнал дека тој останува. 

Денеска објава имаше и Ванда Нара, која постираше слика со девојките и сопругите на фудбалери од Интер од синоќешната роденденска прослава на Лаутаро Мартинез и напиша: „Уште една година заедно“. 

Спортмедиа и Скај Спорт Италија потоа пренесоа дека Маурo Икарди добил повик да се појави вечерва на тренинг, а за кратко време пристигна и соопштение од Интер. 

„Нероаѕурите“ го објавија списокот со играчи за новата сезона во Серија А и на него се најде Мауро Икарди, кој го доби дресот со број 7. 

Дали ова значи дека напаѓачот ќе добие шанса да му докаже на Антонио Конте дека треба сериозно да смета на неговите услуги, или пак само потег за да се исполнат одредени правни норми и да се избегне тужба, останува да видиме.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе